Почнува Саемот за мебел 2016

Од:

Од денеска до 27 март на Скопскиот саем ќе се одржи 42-то издание на меѓународниот саем на мебел на кое ќе се претстават 180 директни и 400 индиректни изложувачи од Македонија, Италија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

На саемот на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел ќе бидат изложени 10.000 парчиња мебел. 

Ова, како што најавуваат од Скопски саем, ќе биде најголемиот саем на мебел досега што ќе се одржи во рекордни 11 саемски хали.

На саемот повторно ќе биде присутен и Кластерот на дрвна индустрија од Косово со три производители на мебел, а ќе има и компании од Србија, Хрватска, Италија, Босна и Херцеговина. Секоја од компаниите ќе одржува свои промоции и презентации и ќе има и големи попусти.

Саемот за посетителите ќе работи секој ден до недела во периодот од 10 до 20 часот.

Влезот за саемската манифестација ќе чини 100 денари, а организаторите очекуваат оваа година да биде надмината вообичаената бројка од 50.000 посетители.

Би можело да ве интересира

Водечката компанија за опремување канцеларии во Регионот Адриа официјално отвори нов изложбен салон во Скопје

Предраг Петровиќ

Почнува Саемот на мебел 2023

Ана Ололовска

Прима е природен избор – природен дел од вашиот дом

25 години заедно, 25 години Мебел-Ви

90 илјади евра за кожени столчиња во МЕПСО

Мери Јордановска

Брендот „Весперо“ ексклузивно во салоните на „Технокооп“

Ана Ололовска