Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе ја посети општина Теарце и ќе го означи почетокот на изградбата на една од четирите мали хидроцентрали, што ќе ги гради компанијата СОЛ ХИДРОПАУЕР ДООЕЛ Скопје.
Со оваа компанија Министерството за економија има потпишано четири договори за концесија на вода, на водотекот на реката Бистрица, каде веќе се почнати подготвителни активности за нивна изградба.