Почнува исплатата на субвенциите за тутунот. Во Министерството за финансии се испратени налозите за вкупно 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра.
Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, земјоделците попладнево и утре ќе може да си ги подигнат парите од банките.
– По речиси еден месец успеавме да ги деблокираме процесите за да почне исплатата на финансиската поддршка. За само еден и пол ден тутунопроизводителите ќе може да ги добијат средствата без какви било селективни процедури, постапки и калкулации, нагласи Николовски на прес-конференција во Владата.