Почнува ЦЕФТА неделата 2014

Од:

Во Скопје денеска ќе биде отворена ЦЕФТА Неделата 2014 која ќе биде фокусирана на клучните приоритети на претседателството на Република Македонија.

За време на Неделата на ЦЕФТА ќе бидат организирани работни сесии и дискусии на кои ќе се разменат искуства од примената на ЦЕФТА договорот со цел да се подобри севкупната економска соработка во регионот.

На отворањето ќе се обратат министерот за економија Беким Незири, раководителот на Одделот за оперативни работи во Делегацијата на ЕУ, Јаромир Левичек и заменик-шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Македонија, Бартон Путни.

Настанот е вовед во годинашната седница на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА што ќе се одржи на 21 овој месец, а на која ќе бидат финализирани активностите од претседателството на Македонија со ЦЕФТА во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана