Почнува аплицирањето за субвенции за рибарство и аквакултура

Од:

Од денеска почнува аплицирањето за субвенции за сите субјекти кои произвеле или продале риба од сопствено производство на пазарите. Апликациите може да се поднесуваат до 27 овој месец, а оние барања кои ќе бидат доставени по тој рок, нема да бидат разгледани.

Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој информираат дека средствата од оваа програма може да ги добијат субјектите кои набавиле порибителен материјал за насадување на рибниците во периодот од 1 февруари до 30 септември годинава или пак произведената риба во рибниците ја продале во период од 1 ноември 2017 година до 31 октомври годинава.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски вели дека до 300 илјади денари по корисник може да добијат оние субјекти кои набавиле подмладок или сами го произвеле и насадиле. Финансиска поддршка им следува и на субјектите кои произвеле и продале риба на пазарите, а кои во периодот од декември 2017 година до декември годинава немаат увезено жива риба. Субвенциите ќе се доделуваат скалесто во зависност од капацитетот на рибникот.

– Рибниците кои произвеле и насадиле до 25 илјади килограми ќе добијат 100 отсто субвенција од 20 денари за килограм продадена риба. Оние субјекти кои насадиле или произвеле од 25.000 до 50.000 килограми ќе добијат 75 отсто субвенција за 20 денари продадена риба, додека за субјектите до 100.000 килограми субвенцијата изнессува 50 отсто од 20 денари за продадена риба. Најмала, односно 25 проценти субвенција ќе добијат субјектите кои имаат над 100.000 килограми насадена или произведена риба, појаснува Бабовски.

Документите за добивање на субвенции може да се достават лично во архивата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството или да се испратат како препорачана пошта.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп