Почнаа жетвените активности во Дебарско

Од:

Во Дебарско почнаа жетвените работи и според првичните информации, земјоделците може да бидат задоволни од приносите по единица хектар.

– Иако е суште рано да се зборува бидејќи сме на самиот почеток на жетвата, сепак, очекуваме земјоделците да остварат добри приноси. Од досега ожнеатите 10-на хектари приносите се 2.000 – 3.000 килограми по единица хектар, изјави Арбен Муладаути, овластен раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство.

Земјоделците од општините Дебар и Центар Жупа треба да ожнеат 400 хектари од кои 150 со јачмен, 80 со пченица и 65 со тритикале. Остнатите површини се под `рж и овес.

Жетвата се извршува со сопствена механизација на земјоделците и тука нема никаков проблем.

Организиран откуп во Дебар нема зашто дел од пченицата се меле во брашно за свои потреби, додека останатите количини се користат за добиточна храна, а мала количина оди на дебарскиот пазар. Дел, пак, од житото се чуваат за следната сеидба.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници