Почна раниот откуп на тутун во Македонија

Од:

Во Македонија денеска почна раниот откуп на тутун во 65 откупни пункта, кој ќе трае до крајот на месецов.

Според претседателот на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија Данчо Милески, тутун откупуваат пет претпријатија: „Сокотаб“ од Битола, „Алијанса“ од Кавадарци, Прилепскиот тутунски комбинат, „Далија“ од Делчево и откупувачот „Пашовски“.

– Во земјава се отворени 65 откупни пункта, од кои 65 отсто, најмногу во пелагониско. Во раниот откупт на тутунот, кој е проект на Министерството за земјоделство трета година по ред, треба да се преземат околу 6.000 тони од вкупната реколта, која годинава се проценува на близу 30.000 тони тутун, информира Милески.

Тутунарите на процена во кутии ги носат првите три берби и целосно со другиот род очекуваат просечната цена да достигне околу 200 денари.

Александар Спиркоски, директор на ДООЕЛ „Тутун“ при Прилепскиот тутунски комбинат рече дека планирано е сега да се преземат над 500 тони тутун.

– Отворивме 10 пункта во Прилеп и населените места, а од идната недела уштре два откупни пункта. Што се однесува до исплатата таа ќе се одвива навремено и без проблеми, вели Спиркоски.

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски кој во неделата го посети Прилепскиот комбинат и разговараше со тутунарите нагласи дека интересот за тутунопроизводството во земјава расте.

– Ако лани се откупија 27.000 тони, годинава се очекуваат околу 30.000 тони, потпишани се 42.000 договори, а инересот за производство на тутун расте зашто имаме стабилен откуп, здрави претпријатија кои откупуваат, квалитетен род кој се бара и стабилни континуирани субвениции од Владата, кои ќе продолжуваат и понатаму, рече Коњановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Стомнароски: Откупот на тутунот нема да почне без зголемени цени