Почна исплатата на дополнителните средства за тутунарите

Од:

Владата на Република Северна Македонија преку Генералниот секретаријат ја почна исплатата на финансиската поддршка за 19.060 тутунари со вкупна вредност од 300 милиони денари во рамки на пакет поддршката за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19.

На сметките на производителите на тутун од утре ќе почнат да стигнуваат парите за откупените количини.

-Се работи за поддршка од три денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од трета и четврта класа. На оваа финансиска поддршка и претходеше исплата на субвенции за произведен и предаден тутун во висина од 1,7 милијарди денари со што владината поддршка за тутунопроизводството во година на светска здравствена и економска криза изнесува два милијарди денари, наведува Владата.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

(ВИДЕО) Талески: Власта одби 100 денари линеарна субвенција, Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги изневерија тутунарите

Горан Наумовски

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година