Плева: Институциите пред голем предзивик за искористување на ИПАРД средствата

Од:

Пред институциите надлежни за спроведување на ИПАРД претстои голем предизвик да се реализираат навремено барањата од Програмата 2014-2020 и да се подобри ситуацијата со искористувањето на претпристапните фондови, смета генералниот директор за земјоделство и рурален развој во Европската комисија Јержи Богдан Плева.

На работниот состанок со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во Брисел, Плева уште еднаш порачал дека човечките ресурси и функционалноста на Платежната агенција се клучни за ефикасно искористување на ИПАРД средствата.

Како што соопшти МЗШВ, Плева позитивно го оценил големиот интерес и бројот на доставени барања за користење финансиски средства од ИПАРД 2014-2020 на првиот јавен повик 01/2017 и изразил надеж дека нема да се повтори искуството со искористувањето на финансиските средства од ИПАРД 2007-2013.

За новата Влада на Република Македонија, членството во ЕУ е главен приоритет и во таа насока се веќе направени анализи и се преземаат мерки за успешно спроведување на ИПАРД 2014-2020, информирал министерот Николовски.

Според него, двете значајни активности на кои се работи се зајакнување на Платежната агенција и на советодавните служби, како и воспоставување механизам за предфинансирање на ИПАРД корисниците.

Се планира, нагласил Николовски, и воведување нови мерки во ИПАРД 2014-2020: инвестиции во јавна рурална инфрастктура и ЛЕАДЕР пристапот.

Плева ја поздравил идејата за воведување нови мерки, посебно ЛЕАДЕР пристапот кој, како што оценил, е успешна приказна во земјите членки.

На состанокот во Брисел од страна на Европската комисија присустувале и директорот за рурален развој и претпристапна поддршка Марио Милушев, како и други раководни лица при ЕК, надлежни за Република Македонија и за претпристапната поддршка за влез во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Николовски: Со првиот повик од ИПАРД 3 програмата го срушивме рекордот на интерес кај земјоделците

Над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Предраг Петровиќ

Љупчо Николовски: Објавен првиот повик за ИПАРД 3 програмата

Катерина Ѓуровски

Димковски: ДПМНЕ е криминална партија, проневерила средства и од ИПАРД

Николовски: Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд ставаме на располагање за проекти преку мерката 3

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николовски: ЕК ја усвои ИПАРД 3 за Македонија

Ана Ололовска