Планот за укинување на 8.000 работни места е „неприфатлив“ за Франсоа Оланд

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд на денот на националниот празник на неговата земја вети дека државата ќе интервенира за да го спречи спроведувањето на планот на француската автомобилска група ПСА Пежо-Цитроен, со кој е предвидено укинување на 8.000 работни места.

Оланд планира да побара од ПСА Цитроен-Пежо да го преиспитаат планот за укинување на работните места, притоа тој се покажа многу критичен кон раководството на автомобилската група, чија дирекција ја обвини за „лажење“ и за одложување на објавувањето на одлуката за отпуштање на работници откако ќе завршат претседателските и парламентраните избори.

– За овај план имаше гласини веќе повече месеци, а дирекцијата на Пежо негираше дека постои таков план, истакна Оланд.

Француската Влада веќе има назначено експерт кој треба да ја проучи одлуката на ПСА Пежо Цитроен за затворање на фабриката во Олне-су-Буа. Француската држава за разлика од нејзинотот учество во капиталот на Рено, нема акции во ПСА, затоа таа не може да го забрани затворањето на фабриката во парискиот регион програмирана за во 2014 година.

Францускиот претседател во денешното четиринаесетјулско интревју нагласи дека ќе бидат вложени напори да Олне-су-Буа остани индуситриска зона. Најавувајќи дека веќе се размисува за начинот на кој ќе се делува. Синдикатите на вработените во ПСА Пежо-Цитроен сметаат дека позицијата на претседателот е „млака“ и дека државата има средства за да го спречи затворањето на фабриката.

– За нас државата има средства за да го забрани затворањето на фабриката и отпуштањата на работници. Неодамна, држвата му забрани на Пежо да продава околу 200 000 автомобили во Иран, на еден од најголемите странски пазари на Пежо. Ако може да го направи тоа. Може да забрани и отпушатања од работа, истакна претставникот на синдикатот Жам-Пјер Мерсие.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано