Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Од:

Според информациите кои до нас пристигнаа од свиркачи од ССМ, Слободан Трендафилов, Трпе Деановски и другите функционери во ССМ го претвориле овој некогашен голем синдикат во своја приватна банка, рече на прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно информациите кои ги имаме, Трпе Деановски, покрај платата од 104.000 денари, остварува и други приходи, па кога ќе се пресмета на годишно ниво сумата која ја зема по разни основи достига вртоглави суми.

Информациите говорат дека Деановски лани и првите два месеци од оваа година земал вкупно над 1.8 милиони денари.

Да добро слушате, 30 илјади евра за Трпе Деановски, додека вас ве лаже за минимална плата.

Колку минимални плати има во годишните примања на Трпе Деановски? – Точно 69.

Трпе Деановски за една година земал пари колку работниците кои ги лаже за минимална плата не можат да земат за 6 години.

Тоа се синдикалците на батерии на Слободан Трендафилов, насадени на позициите од СДС, дебело платени да извршуваат партиски агенди.

Народот и работниците ги прочитаа синдикалците на батерии како Слободан Трендафилов и Трпе Деановски, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Протестите се демократско право, минималната плата ќе се зголеми во март

Синдикатот на новинари бара зголемување на минималната плата и се приклучува на протестот на работниците

Приватниот сектор не може да си го дозволи бараното покачување на минималната плата, порача бизнисот ден пред штрајкот на Синдикатите

Катерина Ѓуровски

Повеќе од 200.000 работници во земјата примаат плата под прагот на сиромаштија, ССМ повика на масовност на протестот в среда

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

Протест на кумановци пред зградата на УЈП