Петрушевски: Народот на минималец, а Слободан Трендафилов синдикалецот на батерии од СДС и Левица со плата од 75.000 денари

Од:

Почнуваме со демаскирање на Слободан Трендафилов, претседател на ССМ и неговите соработници, со информации кои до нас ги доставија членови на ССМ кои се незадоволни од неговиот апашлук.

Работниците се револтирани, затоа што додека ги манипулира Слободан Трендафилов, тој и луѓето околу него имаат месечни примања од над двојно и тројно поголеми од една минимална плата.

Дали синдикалецот на батерии на СДС и Левица, Слободан Трендафилов, со 75 илјади денари месечно во џеб ги манипулира работниците за минималец?

Според информациите кои стигнаа до нас, само во текот на 2024 година и првите два месеци од 2025 година Слободан Трендафилов покрај платата од 75.000 денари, имал и примања по други основи, со што вкупната сума која ја земал во овој период е 1 милион и 688 илјади денари по основ на плата и договори.

Ова е првиот синдикалец Трендафилов, кој според овие информации за 4 години прави 100.000 евра, со амин на СДС кои го поставија на таа позиција за да ги манипулира работниците.

И следен пат кога ќе се обиде да ги манипулира работниците треба да знае дека е демаскиран, лично од нив.

Во следните денови ќе бидат демаскирани сите негови соработници.

Работниците ќе видат кој ги манипулира и лаже за минималец, рече на прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Треновски: „Моментално сме во смирена тишина, како пред да почне бурата“

Горан Наумовски

Алказар Енерџи Партнерс обезбеди финансиско затворање за Ветерниот парк Штип, најголемиот проект за ветерна енергија во Северна Македонија

Предраг Петровиќ

Од Владата тврдат дека Македонија е со една од најниските стапки на инфлација во Европа

A1on

Димитриеска-Кочоска: Растот од 4,3% потврдува дека економијата е на вистинскиот пат

ОКТА ги пушти во употреба првите системи за батериско складирање на енергија

Шведска нуди до 32.000 евра за доброволно враќање во матичната земја