Петнаесет лица од Кавадарци и Росоман аплицирале за поддршка како млади земјоделци

Од:

Петнаесет лица од Кавадарци и Росоман аплицирале за финансиска поддршка како млади земјоделци, преку националната програма за рурален развој.

Советникот во Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Кавадарци, Драган Николов информира за МИА дека станува збор за млади лица кои сакаат да ги унапредат своето производство и преработка.

-Се работи за по две апликации што се однесуваат на лозаровинарство и сточарството, како и 11 барања за поддршка во пчеларството. Сите оние кои ќе ги исполнат условите од јавниот повик, ќе добијат најмногу по десет илјади евра помош од државата, појасни Николов.

Тој нагласи дека како подрачна единица, секогаш стојат на располагање на земјоделците од двете општини, со информации, совети и едукација.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници