Пет милиони евра за хидромелиоративни системи во Тиквешко

Од:

Државата ќе инвестира 5 милиони евра во Тиквешко за изградба на нови хидромелиоративни системи и за рехабилитација на постојната мрежа за наводнување.

Реализирањето на инвестицијата е превидено во наредните пет години и со тоа, како што најави денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, над 3.000 хектари земјоделско земјиште ќе добијат услови за наводнување.

– Развојот на земјоделството е нераскинливо поврзан со развојот на системите за наводнување. За таа цел како Влада изминативе години обрнуваме посебно внимание на овој сегмент. Инвестираме во изградбата на нови системи и брани за наводнување на замјоделско земјиште, како и во санација и рехабилитација на постојните системи, рече Коњановски по пуштањето во употреба на пумпната станица „Сува Гора” со која ќе се наводнуваат дополнителни 200 хетари.

Месноста „Сува Гора” се наоѓа меѓу селата Бегниште и Ресава. Вкупната инвестиција е околу 16 милиони денари. Средствата се обезбедени од Фондот за води, од Министерството за земјоделство и од водостопанството “Тиквеш“.

– Изминатиот период инвестиравме во речиси сите системи за наводнување. Но, свесни за климатските промени и нивното влијание врз културите, воедно земајќи ги превид анализите за тоа кои од нив ќе бидат најзагрозени, ќе продолжиме со вложувања во овој регион, нагласи Коњановски.

Тој апелираше земјоделците да ја трошат водата за наводнување рационално, да ги одржуваат системите за наводнување  и да размислуваат за монтажа на системи капка по капка.

– За жал, многу често мрежата за наводнување намерно се оштетува, а тоа подоцна создава сериозен проблем за поголема група земјоделци, рече Коњановски.

За значењето на наводнувањето во земјоделството и придобивките од секоја можност за наводнување, зборуваа и директорот на водостопанството „Тиквеш“ Љубе Димов, како и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов. Димов нагласи дека „Сува Гора” е смело решение со кое, додаде Панов, се остварува уште едно предизборно ветување.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар