Пет европски земји бараат итна финансиска помош од Русија

Од:

Русија доби барање од пет европски земји за итна финанскиска помош, пренесува московскиот весник „Независимаја газета“.
Според информацијата на весникот веста ја соопштил минатата недела рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

Од петте земји, конкретни податоци има само за Кипар кој е заинтересиран за позајмица од Русија во висина од пет милијарди евра. Останатите четири земји рускиот министер не сака да ги открие.

Весникот шпекулира дека се работи за Грција, Ирска и Исланд, но и јужноевропски земји.

„нема да кажам за кои земји се работи. Тоа се неколку земји, поточно пет земји кои ни се обратија. Нивното барање го разгледува,е, не се тоа големи земји“, им кажа на новинарите Силуанов.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот