Пешевски:Може да се очекува следната година Македонија да има поволен тренд

Од:

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски денеска нагласи дека доколку се гледа години наназад, буџетот генерално се остварувал добро, позитивно, но сепак, подвлече, ќе зависи од тоа што ќе се случува во економијата национално, особено со европската економија.

По барање на новинарите да даде коментар за ставовите на експертите, тој посочи дека е добро кога има различни мислења, затоа што оттаму произлегуваат поквалитетни решенија.

– Познато е дека во првите два квартали имавме исклучетелно позитивни трендови и стапки на раст од 2,9 и 3,9 отсто што е над нашите очекувања. Иако степенот на раст за идната година го проктиравме на 3,2 проценти што е дури и понизок од просекот, македонската економија се движи со стапки на раст подобри од генерално гледано од оние на ниво на Европа, изјави вицепремиерот Пешевски по отворањето на 8.советување на Македонскиот комитет за големи електрични системи во Охрид.

Доколку во Европа трендовите се позитивни, а се најавуваат подобри стапки на раст идната година, истакна тој, тогаш во Македонија ќе имаме уште попозитивни резултати.

– Ако се погледне, не само структурата на буџетот, но и она што е најавено како инвестиции особено во делот на инфраструктурата, како и она што го работиме со директните странски инвеститори, може да се очекува дека за следната година за Македонија ќе има поволен тренд, изјави Пешевски.

Минатите години со контрацикличните мерки, кога на надворешните пазари имаше намалување на екстерната потрошувачка, појасни вицепремиерот, покажавме дека со пректи во Македонија може до извесен степен да се компензираат тие негативни ефекти.

– Мислам дека истото тоа ќе го правиме и наредната година, сите индикации од страна на Нарондата банка укажуваат дека макроекеономската стабилност ќе биде задржана што би требло поволно да влијае врз економијата и реализацијата на буџетот, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница