Пешевски: Заради вистината подготвен сум за соочување со кој било косовски министер

Од:

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски денеска во писмена изјава информира дека косовската вицепремиерка и министерка за трговија и индустрија на Косово, Мимоза Кусари Лила не ја прифатила неговата покана за заеднички тв дуел на кој ќе ги презентираат аргументите за проблемот што настана меѓу Македонија и Косово.

–  Во својот одговор таа повикува на директен дијалог, нешто на што во меѓусебната комуникација јас инсистирав уште минатата недела, пред да ги воведеме ние нашите мерки, но таа иницијатива од моја страна тогаш остана без одговор. Точно е дека решението е можно да биде најдено само во директни разговори, нешто што повторно го нагласив во меѓусебната размена на пораки со вицепремиерката Кусари уште минатата недела, но исто сметам дека граѓаните на двете држави треба да знаат дека во ниту еден момент Република Македонија не посакуваше ваков развој на настаните, наведува Пешевски во изјавата.

Тој потенцира дека заедничкиот настап ќе ги отстрани можностите за различните толкувања на оваа ситуација и причините поради која таа настанала и поради тоа истакнува дека е подготвен да прифати јавна дебата со кој било член на кососвката Влада.

Би можело да ве интересира

Извозот од земјава во јануари – февруари изнесува 75.650 милиони денари

А1он

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката