Пешевски: Се инвестира во Македонија

Од:

Вицепремиерот Владимир Пешевски, кој со владина делегација на чело со премиерот Никола Груевски e во САД ги промовираше инвестиционите можности на Македонија, во интервјуто за Гласот на Америка на македонски најави дека има заинтереисрани компании, но вели дека вистинските резултати треба да се очекуваат за една до две години.

На тврдењата дека Македонија заостанува зад другите балкански земји во инвестициите, Пешевски возвраќа дека споредбите треба да се прават по глава на жител.

Какви се очекувањата од промоцијата на еден ваков собир во Лос Анџелес?

Очекувањата се да информираме што поголем круг на инвеститори за можностите на Македонија, да ја раскажеме приказната за Македонија, која трпи големи позитивни промени во последните 5-6 години, да го разбудиме нивниот интерес и да ги зголемиме можностите за нивно инвестирање.

Меѓутоа, странските инвеститори се жалат на правна несигурност, на нетранспарентност на тендерите, на моделите на плаќање, неефикасната јавна администрација. Ваш коментар?

Да го погледнат индикаторот на Светската банка за водење бизнис и ќе видат дека во Македонија тие се на еднакво ниво како оние во западните држави на ЕУ, дури би рекол и во две третини од нив – подобри. Се разбира, системот не е совршен, но би рекол дека работиме подобро од поголемиот број држави во Европа.

Според спроведените реформи во регионот, Македонија високо котира, не само според Дуинг бизнис, туку и извештаи на други меѓународни финансиски институции. Па сепак, отсуствуваат странските инвестиции, споредено со соседите?

Не би се согласил со тоа. Не треба да се споредуваат апсолутни износи, туку треба да се споредуваат инвестициите по глава на жител. Целта на владата не е да привлекува странски инвестиции, туку да создава поволна клима за сите инвеститори. Инвестиците во Македонија во бруто-износ секоја година како учество во бруто домашниот производ – растат. Дури и во првите шест месеци од оваа година кога имаше криза, тие се за пет проценти поголеми од вкупните бруто-инвестиции од истиот период минатата година.

Колку финансиската и економска презадолженост на Грција влијае врз Македонија?

Секако, тоа не е поволно за нас, бидејќи Грција во своите подобри денови беше еден од позначајните трговски партнери на Македонија. Целиот тој призвук на нестабилност во Грција дава призвук на нестабилност во регионот и не влијае поволно за нас. Реално, преголеми директни ефекти или прелевања на кризата во Македонија нема. Тоа влијае на кризата во цела Европа, но драстично нема големо (влијание, н.з.) врз Македонија.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он