Пешевски: Подобрената конкурентност потврда на владините економски политики

Од:

Рангирањето на Република Македонија во најновиот Извештај на Светскиот економски форум претставува најголемо подобрување на позицијата споредено со балканските држави, како и со земјите-членки на ЕУ, смета вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

– По првпат се вбројуваме во првата половина од најконкурентните економии во светот и сме рангирани над просекот на балканските земји каде просечниот ранг е 79, заедно со Бугарија, Хрватска и Црна Гора, истакна Пешевски на денешната прес-конференција.

Според Извештајот, Македонија бележи значителни подобрувања кај шест од вкупно седум индикатори кои ја мерат оваа област и тоа кај капацитет за иновации, квалитет на институции за научно истражување, вложувања на фирмите во истражување и развој, истражувачка соработка меѓу универзитети и индустрија, владини набавки на производи од висока технологија и достапност на научници и инженери.

Пешевски посочи дека Македонија е најдобро рангирана кај даночната стапка каде годинава е прворангирана. Потоа во времето за започнување бизнис каде е второрангирана, по бројот на процедури за започнување бизнис во што е треторангирана и кај бројот на процедури. Значително подобрување во однос на претходната година има и кај индикаторите за влијанието на деловните прописи врз странските директни инвестиции, расположливост до финансиски услуги и транспарентност во креирање владини политики.

– Овие подобрувања се уште една потврда за позитивните ефекти од проектите и активностите на Владата за унапредување на деловната клима, привлекување странски директни инвестиции, унапредување на дијалогот со деловната заедница, имплементацијата на стратегијата за иновации со Акцискиот план и зајакнување на активностите на Македонската банка за поддршка на развојот, рече Пешевски.

Тој додаде дека се идентификувани и слабости на кои Владата ќе работи за да се подобрат.

Според Извештајот, Македонија е ниско рангирана во областа на софистицираност на потрошувачите, капацитет на земјата да привлече клиенти, капацитет да ги задржи талентите, подготвеност да се делегираат овластувања, усвојување технологии на ниво на претпријатие, квалитет на патишта, БДП, преовладување странска сопственост, како и обем на обука на персонал.

Пад во рангирањето се забележува и кај факторот буџетски суфицит – дефицит, јавен долг, фиксни телефонски линии, бројот на претплатници на широкопојасен интернет, инфлација, квалитет на железничка инфраструктура.

Македонија во најновиот извештај на Светскиот економски форум, е на 73. место на листата за конкурентност, искачувајќи се за седум места од минатата година кога беше рангирана на 80-та позиција.

Од земјите во регионот Бугарија е на 57 место, Словенија 62., Црна Гора на 67., Хрватска на 75., БиХ на 87., Грција на 91., Албанија на 95. и Србија на 101-та позиција.

Според извештајот, најконкурентна од 148. земји во светот е Швајцарија, по неа се Сингапур, Финска и Германија. Во првите 10 се и Шведска, Хонг Конг, Холандија, Јапонија и Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов