Пешевски: Фискална дисциплина не се гради со идеи како на СДСМ

Од:

Сериозна држава ги гради своите инстититуции, ги обучува своите инспектори, ги екипира и обезбедува соодветен буџет за нив и на тој начин понатаму ја спроведуваат фискалната дисциплина, порача вицепремиерот Владимир Пешевски на идејата на СДСМ за враќање на дел од ДДВ на граѓаните.

Тој оцени дека со таква идеја не се воведува фискална дисциплина и оти според него доколку се пристапува со мерки каде се стимулираат граѓаните да бидат даночни инспектори тоа е доказ дека не се знае како да се постави еден систем.

Посочи дека нема сериозна држава, членка на ЕУ која има ваков механизам каде на граѓаните им се враќа дел од ДДВ, дури дел од државите и ги зголемија стапките. Вакво искуство како што предлага СДСМ вило воведено во Турција кое, како што рече, по катастрофалните ефекти е укината по шест месеци примена.

Вицепремиерот Пешевски потсети на мерки што биле воведени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а укинати од страна на СДСМ.

– Уште кога се воведуваше ДДВ тогашниот министер за финансии сегашен премиер Никола Груевски имаше еден друг механизам кој е подеднакво ефикасен, но со многу помали негативни ефекти. Се воведе наградна игра во која граѓаните кои собираа фискални сметки над определен износ можеа да добијат награда, а износите што ги одвојуваше државата беа релативно мали. Главната цел беше во почетната фаза да се стимулира издавањето фискална сметка, но за жал кога СДСМ ја освои власта во 2002 година една од првите мерки што ја воведоа ја укина оваа наградна игра, рече Пешевски и додаде дека втора мерка со која се стимулирале граѓаните била законската одредба да нема обврска купувачот да плати доколку продавачот не му издаде фискална сметка, која пак била укината од страна на Уставниот суд, кој, како што рече вицепремиерот, тогашниот состав бил во силна спрега со СДСМ.

Правејќи разлика меѓу даночната политика на ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ, рече дека ВМРО – ДПМНЕ воведува силни механизми на контрола но ниски даночни стапки, а кај СДСМ има високи даночни стапки но низок степен на контрола. – Тоа е еден неуреден систем, истакна Пешевски.

Појасни дека во 2003 година кога СДСМ ја има власта, кога ДДВ е веќе воведен, од СДСМ е укината повлатената стапка од 5 проценти и и зголемена на 18 проценти за алкохол и безалкохолни пијалоци, промет на станови, лекови и ортопедски помагала, медициснки потрошен материјал,енергенси, елекрична енергија, огревно дрво, мазут, гас, разладувње и греење, основни производи на земјоделството, рибарството и пчеларството, храна за животни, детергенти и козметика, превоз на лица, одржување јавна хигиена, хемиски ѓубрива, услуги од адвокати, ревизори и сметководители.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски