Пешевски: До 2006 година македонската економија беше анемична

Од:

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа трибина во Радовиш на која министерите во Владата дадоа отчет за сработеното во изминатие шест години. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски ја водеше трибината на која се осврна на инвестициите и на економскиот раст во изминатите години.

Пешевски рече дека до 2006 година македонската економија била анемична.

Но со доаѓањето на ВМРО ДПМНЕ кон крајот на 2006 година почнаа драстичните промени, се направија големи промени и се пристапи кон подобрување на бизнис-климата, рече Пешевски.
Тој истакна дека Македонија во моментов има најниска стапка на невработеност од 30 отсто, наспроти рекордните 38 отсто во 2005 година, кога на власт беше СДСМ. Првпат се зголемија платите, пензиите, социјалната помош, се што не се правеше со години. Првпат оваа Влада направи и стратегија за привлекување странски инвестиции, додаде Пешевски.

Во изминатите шест години, рече тој, во Македонија се влезени една милјарда и 600 милиони евра странски инвестиции во технолошко-индустриските развојни зони и во другите индустриски зони во земјава.

На трибината говореа министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, за транспорт и врски Миле Јанакиески, за здравство Никола Тодоров и градоначалникот на општина Радовиш, Роберт Велков.

Министерот Димовски посочи на големите постигнувања во аграрот во изминатите шест години.

Во 2006 година затекнаваме расцепкано земјоделство, земјиште поделено на само 412 лица, а од 2006 до денес имаме реализирано 690 огласи за распределба на земјоделско земјиште, преку кои на 6.690 земјоделци им се доделени 65.000 хектари земја. Во Радовиш имаме распределени 900 хектари земја, рече Димовски.

Очекува 2013 година да биде успешна како и минатата кога имаше одлични откупни цени на земјоделските производи, а се очекува финансиските показатели за извозот на земјоделските производи да бидат над 500 милиони евра.

Министерот Јанакиески се осврна на проектот за откуп на земјиштето под дивоизградените објекти, но и за реализираните проекти од сферата на инфраструктурата. Најави дека наскоро ќе биде пуштен во употреба патот Радовиш-Струмица.

Министерот за здравство Тодоров, пак, зборуваше за инвестициите во медицинската опрема, реконструкцијата на здравствените установи, новите амбулантни возила и за новиот проект медицинска едукација.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи трибина и пред граѓаните на Општина Штип.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов