ПЕП 21: Владата итно да се произнесе за нафтените резерви

Од:

Поради најавите за воена интервенција врз режимот во Сирија, Партијата за економски промени 21, и предлага на Владата на Република Македонија и на ресорното министерство, веднаш да ги провери нафтените стокови резерви, чии количества по обичај би требало да се на ниво на три месечни резерви и за тоа јавно да се произнесе.

„Нашиот предлог се базира на претходните искуства, кога при посериозни воени дејствија во регионот на Блискиот Исток и на Арабскиот полуостров, цената на нафтата на пазарот енормно растеше, а притоа кризата се одразуваше врз економската стабилност на земјата и по џебот на граѓаните“.

ПЕП 21 предлага Владата итно да ги повика на состанок сите добавувачи и фирми кои се занимаваат со нафтениот бизнис, на кој ќе се договорат, предлог мерки за амортизација на влијанието на кризата во Сирија .

Ако анализата покаже дека има потреба за итен увоз на нафта, тогаш Владата тоа треба да го направи во договор со домашните правни субјекти и доколку им треба помош да го понуди сиот свој државен потенцијал.

За остварување на ваквите задачи, ПЕП 21 предлага, да им се понудат соодветни даночни олеснувања и други мерки, со кои ќе се задржи економскиот интерес и рентабилното работење на фирмите.

ПЕП 21 смета дека воената интервенција врз Сирија нема да биде еднодневна авантура, туку ќе биде повеќе месечна криза.

За таа цел Партијата смета дека Владата треба да побара средба со американскиот амбасадор во РМ, од кого ќе побара од Вашингтон секаков вид помош, со цел да се зачувува внатрешната економска и политичка стабилност.

Владата мора да размислува и на алтернативните патишта за набавка на нафта, бидејќи на оваа тема веќе реагираат соседите, се вели во соопштението на ПЕП 21.

Би можело да ве интересира

Јовановска до Јанкулоска: Кога со Протуѓер договараше да ги сотрат моите деца мислеше ли на правата на мајката и децата?

Ана Ололовска

ПЕП 21: Иванов свесно ги прекршува Уставот и законите

Ана Ололовска

ПЕП 21: Претседателот Иванов да ја почитува институцијата Претседател

Ана Ололовска

ПЕП 21: ВМРО-ДПМНЕ го силува изборниот процес

Емир Латифовиќ

ПЕП 21: Обид за легализација на криминалот

Ана Ололовска

ПЕП 21 се приклучува на утрешниот протест пред Уставниот суд

Емир Латифовиќ