Пензионерите уште седум години нема да се регистрираат за е-персонален данок

Од:

За седум години е одложена обврската да се пријавуваат во електронскиот систем за даноци во УЈП за пензионерите кои не остваруваат друг приход освен пензија, информира директорката на УЈП Сања Лукаревска.

– Со новиот Закон за личен доход се предвидува во наредните седум години да се одложи обврската за доставување на годишна дночна пријава од страна на УЈП до граѓаните кои оствариле доход само од пензија исплатена од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Тоа значи дека во даночните периоди од 2018. до 2024 година пензионерите кои не оствариле друг приход освен пензија се ослободени од било каква обвска кон Управата за јавни приходи со годишната даночна пријава, односно немаат никаква обврска за регистрација во сиситемот „потврдување или корегирање“, рече Лукаревска на денешната прес-конференција.

Таа нагласи дека до крајот на октомври во електронскиот систем e-personalen danok биле евидентирани 36 илјади граѓани, а до денеска вкупно се пријавени 300 илјади корисници. Очекува до крајот на годинава без поголеми проблеми да се заврши обврската, иако вкупно треба да се регистрираат околу 900 илјади даночни обврзници.

За таа намена, како што кажа, се поставуваат мобилни даночни шалтери на УЈП по општините, дури и во најистурените места, а мобилни екипи на Управата ги посетуваат домовите на изнемоштените лица кои не се во состојба сами да се регистрираат и да го однесат документот. Во Скопје за регистрација се достапни сите шалтери во Регионалната дирекција кои работат и после 16:30 часот, како и во сабота, има и даночни канцеларии во Аеродром, Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров, а се очекува да се отворат и во другите скопски општини.

-Наши тимови се веќе на терен и вршат регистрација во државните и јавните институции, како и во компаниите со поголем број вработени, рече Лукаревска.

Граѓаните кои имаат потреба да дојде кај нив мобилна екипа може да се јават на контакт телефоните на Управата за регистрацијата и да се изврши во нивните домови.

За оние, пак, кои при регистрацијата го загубиле ливчето што треба да го однесат во УЈП неопходно е да одат на шалтерите на УЈП и таму да им се испечати пријавата.

Прашана зошто граѓаните и покрај електронското евидентирање мора да однесат пишан документ во Управата, Лукаревска рече дека тоа се прави заради заштита на нивните податоци и да бидат сигурни дека даноците ќе им бидат пресметани на лицата на кои треба. Обврската за регистрација, додаде, е еднократна и трае за целиот период понатаму.

Во Македонија, како што кажа, согласно податоците од изминатите години има околу 45 илјади пензионери кои остваруваат дополнителни приходи освен пензијата. Кај нив, посочи, постои расположение да се евидентираат во електронскиот систем e-personalen danok.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа