Пекарите не го поевтинија лебот, Бектеши и предложи на Владата да им се укине субвенционираната струја

Од:

Министерството за економија испрати предлог-одлука до Владата за укинување на мерката за субвенционирана електрична енергија на компаниите од прехранбената индустрија.

Според анализите на Министерството за економија, кај голем дел од компаниите кои што користеа субвенционирана електрична енергија од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра за мегават час, нема намалување на цените на основните прехранбени производи.

Врз основа на податоците од Државниот пазарен инспекторат, предлогот на Министерството за економија до Владата е да мерката да се укине за сите компании од прехранбениот сектор.

Мерката за субвенционирана електрична енергија од 80 евра по мегават/час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи важеше од 1 декември 2022 до 30 април 2023
година.

Мерката се однесуваше на компаниите кои што произведуваат производи – масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија.

Целта на оваа мерка беше компаниите од прехранбениот сектор да ги намалат цените на основните прехранбени производи.

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

Орце Костов