Парното поевтинува за 0,19 отсто

Од:

За 0,19 отсто се намалува цената на парното греење што го обезбедува Балкан Енерџи Груп (БЕГ), а за 0,86 проценти парното на ЕЛЕМ енергетика. Надоместокот за греење од Скопје-Север останува ист како лани.

Како што соопшти денеска директорот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Димитар Петров, цената се намалува и за исклучените потрошувачи, за 0,75 отсто.

Во претстојната грејна сезона корисниците на БЕГ бесплатно ќе добијат плус еден час греење односно, наместо од 6 до 21 часот ќе имаат парно од 6 до 22 часот.

Новина е, додаде Петров, и тоа што за евентуално порано почнување на грејната сезона, репер ќе бидат прогнозите на УХМР, а не како досега реалното мерење на температурата два дена однапред.

– Парното ќе се вклучува пред грејна сезона ако просекот од прогнозите на УХМР покаже дека температурата ќе биде 12 степени, објасни директорот на РКЕ.

Според одлуката на Комисијата, за градинките, основните и средните училишта кои се под Балкан Енерџи Груп цената на парното ќе се намали за 14,45 отсто. Елем енергетика, пак, просечната цена ја намалува за 0,86 проценти со тоа што корисниците кои плаќаат по мерач добиваат намалување за 4 отсто, а за оние што плаќаат по метар квадратен цената се зголемува 1 процент.

Би можело да ве интересира

ЕСМ во следните 10 години ќе ги снабдува скопјани со парно греење

Орце Костов

Завршува грејната сезона и кризната состојба во енергетиката

Граѓани од населба Автокоманда повторно на протест, незадоволни се од новиот снабдувач со топлинска енергија

Ана Ололовска

ЕСМ: Греењето во Скопје ќе биде исто за сите потрошувачи , од 6 до 22 часот

Видео: Млаки радијатори, се штеди ли на греење, ќе поскапи ли парното?

Анита Петровска Рајковиќ

ЕСМ Снабдување со топлина: Добивање на фактурата на меил е најсигурен и најеколошки начин на достава на сметките

Ана Ололовска