Парното од денеска поевтино

Од:

Парното од денеска поевтинува за 14,24 проценти за оние граѓани во Скопје што се снабдуваат од Балкан енерџи груп и за 13,45 на оние што се греат преку топланата „Скопје север“.

Регулаторната комисија за енергетика одлуката за намалување на цената ја донесе на последната седница, а се должи на пониската цената на природниот гас кој учествува со 70 отсто во производството на топлинска енергија, а останатите 30 отсто отпаѓаат на мазут.

Регулаторот, според новиот правилник, цената на топлинската енергија може да ја менува на месечно ниво во интервал од плус-минус 5 отсто. Досега тоа се правеше двапати годишно, во декември и во јуни.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Од ноември ќе важи нова одлука за цената на парното во Скопје

Орце Костов