Папуљас ќе зема двојно помала плата

Од:

Во Грција ќе се штеди на се.

Наместо 23.000, грчкиот претседател Каролос Папуљас ќе има месчно плата во износ од 11.500 евра. Кон крајот на минатата недела, грчкиот претседател побара од Министерството за финансии да му ја намали платата заради економската криза во државата.

Грчкиот заменик министер за финансии Христос Стајкурас поднел во парламентот нацрт-закон со кој се предвидува платата на грчкиот претседател да биде двојно намалена.

Намалени ќе бидат и пензиите на поранешните  грчки претседатели.

Според анализи на Министерството, со намалувањето на платите годишно ќе се заштедат околу 350 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор