Панел дискусија за праведно оданочување

Од:

„Како до праведно оданочување“ е насловот на панел дискусијата, што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Асоцијацијата на економски истражувачи.

Панелисти на настанот се Славко Лазовски, експерт за даночни прашања од Центарот за даночна политика, Билјана Дуковска од Македонска платформа против сиромаштија, Оливер Митов од Центарот за правни истражувања и анализи и Бојана М. Христовска од Аналитика.

Најавените можни промени во даночниот систем на Македонија изминатиот период се предмет на јавна дебата од страна на повеќе засегнати страни.

Креаторите на економските политики во земјава новите даночни политики ги правдаат со потребата да се намали јазот меѓу богатите и сиромашните, бизнисмените и менаџерите тврдат дека со тоа ќе се казнат успешните, додека поранешни министри за финансии велат дека во јавноста ги слушаме само богатите, кои се противат на промените, затоа што си ги штитат интересите, велат организаторите на овој настан.

На оваа трибина, неколку граѓански организации од областа на економијата, даноците и социјалната правда, ќе дадат свое видување за тоа како да се дојде до праведна даночна политика.

Би можело да ве интересира

Илиеска: Владата со измените на законот за данок на добивка удира по малите претпријатија, го укинува ослободувањето за фирмите со промет до 3.000.000 денари, кои се најкревки

МФ: Усвоени измените на Законот за данок на личен доход за укинување на прогресивното оданочување и даночењето на каматите од заштедите

ССК: Не е време за нови даноци, да ги поддржиме клучните сектори

(ВИДЕО) Ковачевски: Со новата праведна даночна реформа нема нови даноци, нема зголемени даноци и се укинува прогресивното оданочување

Ана Ололовска

Димитриеска Кочоска: ВМРО-ДПМНЕ е против даночната политика на СДСМ за високи даноци за народот, ние протежираме политика на ниски и рамни даноци

Ана Ололовска

Ковачевски: До 2023 намалување на персоналниот данок во ИТ од сегашни 10 на 0 проценти

Ана Ололовска