Паѓаат откупните цени на доматите – струмичките земјоделци гневни на министерството за земјоделство

Од:

Паѓаат откупните цени на доматите во струмичкиот регион, денеска тие се откупуваа по 12 денари за килограм. Оваа цена за земјоделските производители е понижувачка затоа што не ги покрива ни основните производствени трошоци. Освен ниската откупна цена, земјоделците се гневни и поради увозот на домати од Албанија, а кој денеска на средбата со земјоделците и откупувачите во Струмица го потврдил и министерот за земјоделство, Михаил Цветков.

На денешната средба решение на проблемот кој секоја година се повторува, не се најде. Според Ристо Велков, претседател на Сојузот на синдикати на земјоделски производители, имало и конкретен заеднички предлог на земјоделците и откупувачите, но министерот Цветков не го прифатил.

-Како на низа средби кои што ги имавме со ресорното министерство во изминатите денови, за жал и на оваа средба не дојде до изнаоѓање на решение за кризата. За нас, земјоделските производители, најсоодветен беше заедничкиот предлог од страна на откупувачите и земјоделците според кој во разликата на чинењето на трошоците во производството на доматите и цената по која откупувачите ќе ги откупат, да интервенира Владата. Меѓутоа, министерството за земјоделство не ни излезе во пресрет да ги исполни овие барања и на крај цехот ќе го платат самите производители, бидејќи во наредните денови ќе бидеме сведоци на уште пониска откупна цена на доматите да стојат во пластениците, рече Велков.

Земјоделците велат дека откупната цена на доматите не треба да биде пониска од 20 денари за килограм.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади