Пад на вредноста на домашната продажба на електронска опрема во Јапонија во 2012 година

Од:

Вредноста на пласманот на јапонската електронски стоки за широка потрошувачка на домашниот пазар во оваа година е намалена – под два билиони јени. Тоа се случува за првпат во изминатите 13 години, соопшти Здружението на електронска и индустрија за информациски технологии на Јапонија.

Ова е втора година по ред на намалена продажба во тој сектор на јапонската индустрија.

Причина како што јавуваат јапонски медиуми, е „анемичната“ продажба на ТВ-приемници со рамен екран и ЦД-рекордери.

Намалувањето во споредба со истиот период лани е за 44 отсто – 1,435 билиони јени.

Ноември бил 16 месец по ред на пад на вредноста на домашната продажба на електронска опрема за широка потрошувачка.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија