Пад на приходите на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“

Од:

Американската компанија „Мета“ првпат од основањето соопшти за пад на приходите, што веднаш по објавувањето на податоците резултираше со поевтинување на акциите на компанијата за околу 1,4 отсто.

Приходите на компанијата што остварува добивка воглавно преку рекламирање, во вториот квартал на годинава опаднале на 28,8 милијарди долари, што е помалку за еден процент од 29,1 милијарди долари остварени за истиот период лани.

Од почетокот на април до крајот на јуни „Мета” објави профит од 6,69 милијарди долари или 2,46 долари по акција, што е пад од 36 отсто во однос на истиот период минатата година (10,39 милијарди долари или 3,61 долари по акција).

Првиот пад на приходите за компанијата што ги поседува социјалните мрежи „Фејсбук” и „Инстаграм” доаѓа во услови на очекувана рецесија, а притисок има и поради зајакнувањето на доларот оттаму што продажбата на реклами во странски валути генерира помал приход во долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски

МЕТА најави огромна промена на Фејсбук и Инстаграм: Ги укинуваме проверувачите на факти

Горан Наумовски

Неколку апликации на Мета не работат правилно на неколку локации во светот

Шокантно признание на Марк Цукерберг: Администрацијата на Бајден ми вршеше притисок да цензурирам содржини

Предраг Петровиќ

Турција го деблокираше Инстаграм по девет дена

Турција го блокираше пристапот до Инстаграм