Пад на економијата на ЕУ од 2,7 проценти во последниот квартал

Од:

Економијата во еврозоната ќе се намали за 2,7 проценти во четвртиот квартал на 2020 година во споредба со претходниот квартал, покажува студијата спроведена заедно од германскиот економски институт (ИФО), швајцарскиот КОФ и италијанскиот институт за статистика ИСТАТ.

„По наглото закрепнување во третиот квартал, економската активност повторно ќе се намали во четвртиот квартал поради воведувањето на нови ограничувачки мерки“, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на ИСТАТ.

Студијата проценува дека економијата во еврозоната годинава треба да се намали за 7,3 проценти.

Бруто домашниот производ во еврозоната се намали во вториот квартал за 11,7 проценти во споредба со претходните три месеци, додека во периодот од јули до септември скокна за 12,5 проценти, се наведува во студијата и се истакнува дека главниот мотор закрепнувањето беше зголемена потрошувачка на домаќинствата.

За првиот квартал од 2021 година, ISTAT, IFO и KOF предвидуваат скромен раст од 0,7 проценти во споредба со последните три месеци од оваа година, но во вториот квартал од следната година, растот на економските активности треба да се забрза до три проценти.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година