„Овен” и „Бик” нови ковани пари од серијата „Хороскопски знаци” на НБРМ

Од:

Народната банка на Република Македонија издаде и пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели „Овен” и „Бик” од серијата „Хороскопски знаци”.

Кованата пара „Овен“ ги има следниве карактеристики: на аверсот е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато сино тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Република Македонија. По должината на периметарот, на двете страни, се прикажани симболите на осумте планети од Сончевиот систем коишто покрај Сонцето и Месечината влијаат на хороскопските знаци (Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон). Исто така, по должината на периметарот се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“ и  ознаката „Ag925“.

На реверсот, на левата страна е прикажана главата на овенот. Рогот на овенот го опкружува вметнатото кружно кобалтно стакленце на кое е отпечатено соѕвездието на хороскопскиот знак Овен и се наоѓа на десната страна на монетата. На долниот дел е претставен симболот на хороскопскиот знак Овен отпечатен на ѕвоно, како и името на овој хороскопски знак на латински јазик. Целата композиција е опкружена со украс, долж периметарот. Одредени елементи на релјефот (вклучувајќи ги и симболот Овен, рогот, а делумно и косата) се насликани со злато.

Кованата пара „Бик” ги има следниве карактеристики: на аверсот е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато сино тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Република Македонија. По должината на периметарот, на двете страни, се прикажани симболите на осумте планети од Сончевиот систем коишто покрај Сонцето и Месечината влијаат на хороскопските знаци (Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон). Исто така, по должината на периметарот се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“ и  ознаката „Ag925“.

На реверсот, на левата страна е прикажана слика на глава на бик со три ѕвезди на челото. Левиот рог на бикот е поставен под вметнатото кружно кобалтно стакленце на коешто е отпечатено соѕвездието на хороскопскиот знак „Бик“. На долниот дел е претставен симболот на хороскопскиот знак „Бик“ отпечатен на цвет, како и името на овој знак на латински јазик.  Целата композиција е опкружена со цветен украс, по должината на периметарот. Одредени елементи на релјефот (вклучувајќи го и симболот на хороскопскиот знак „Бик“, роговите, ѕвездите на челото и делумно цвеќињата) се насликани со злато.

Овие ковани пари се изработени од сребро Аg925, со тежина на среброто од 21,00 г, чистота на среброто 19,43 г, во овална форма со димензии од 35 х 45 мм, полирани со 24-каратна златна меѓуоснова и вметнато тркалезно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм, соопшти НБРМ.

Цената на кованата пара „Овен“ и на кованата пара „Бик“ изнесува 2.700,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво