Отворени наплатните станици Преод и Кадрифаково, Македонија ќе има најскапи патарини во Западен Балкан

Од:

Од денеска почна наплатата на двете нови патарини на автопатот Миладиновци-Штип, Преод и Кадрифаково, кои граѓаните кои возат автомобил ќе ги чинат дополнителни 240 денари во двата правци.

Оваа делница беше последната на која што немаше изградено наплатни станици на автопатската мрежа низ земјава, а по пуштањето на патарините, Македонија ќе биде земја со најскапи автопати во Западен Балкан.

Оние граѓани што живеат во Гостивар или во Гевгелија ќе платат 1.000 денари патарини за вкупно 460 километри во два правци на автопатот до македонско-грчката граница или обратно, ако возат автомобил, односно 2,57 денари по километар автопат. Патникот што ќе транзитира со автомобил од Табановце до граничниот премин Богородица ќе плати 760 денари.

Ако се направи споредба со соседна Србија која наплаќа според поминати километри, за 600 километри во еден правец или 1.200 км во двата возењето по оваа делница со автомобил чини 37 евра во двата правци или 1,89 денари по километар, што е поевтино отколку кај нас.

Патниците од Велес, Штип, Куманово и Тетово секојдневно возат по овие автопатски делници и имаат огромни трошоци за патарина на месечно ниво, а попуст може да добијат само ако надополнат огромни парични суми на бесконтактните М-кард кои ги издава Јавното претпријатие за државни патишта.

Минималниот износ на надополнување е 300 денари. Првиот попуст од 2% или 200 денари следува ако се надополнат 10.000 денари, за надополнување од 10.001 до 50.000 денари се добива попуст од 1.000 денари, пет отсто попуст се добиваат ако се надополни сума од 50.001 до 300.000 денари, а за надополнета сума над 300.001 дена или над 5.000 евра се добива попуст од 7% или максималната заштеда може да биде 350 евра.

Според правилникот на ЈПДП секој корисник на електронски уред со поминување на наплатна станица каде функционира електронската наплата на патарина користи попуст (освен во случај на надополнување од 300 денари за кое нема попуст), односно плаќа помала патарина согласно со наведените стапки.

Цените на патарините, односно висината и начинот на наплата на надоместок за употреба на пат ги одредува Владата со Одлука која ја регулира оваа давачка. Надоместокот за патарина за поминат километар за возилата од прва категорија Б се зема како основна категорија.

„Износот на надоместокот за извозено растојание од еден километар (надоместок за поминат километар) за возилата од прва категорија Б (основна категорија), изнесува 2,5784 денари/километар по возило. Вкупното извозено растојание за кое се наплаќа патарина се пресметува со множење на надоместокот за поминат километар, со должината на делницата за која се врши наплата на патарина“, стои во правилникот на ЈПДП.

Би можело да ве интересира

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Онколошките пациенти од Истокот нема да плаќаат 320 денари за патарини, најави Бочварски

Орце Костов

Патарина со еден „таг“ во Македонија и Србија

Потпишан меморандумот за заедничка електронска наплата на патарина со Србија

РКЕ ги објави пресметките на ЕВН: од поскапување ќе се спасат само оние што најмалку трошат

Орце Костов

Речиси сите домаќинства кои се греат на струја ќе се најдат во третиот блок од 630 до 1050 киловат часови

Орце Костов