Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од денеска до 28 овој месец организира отворени денови во нејзините подрачни одделенија низ државата.
Отворените денови се одржуваат со цел да се остварат директни средби со земјоделците и бизнис заедницата кои ќе се информираат за поволностите што се нудат преку програмите за финансиска поддршка во земјоделството и да се слушнат евентуалните проблеми со кои граѓаните се соочуваат при аплицирањето и при користењето на средствата.
На отворените денови ќе присуствуваат претставници од Агенцијата кои директно се вклучени во сето она што е главна надлежност на институцијата.