Отворена холандската фабрика „ВПТЕКС“ Македонија

Од:

Најмалку сто вработувања и зголемување на извозот треба да овозможи новоотворената фабрика за производство на работна и заштитна облека „ВПТЕКС Македонија“ на холандската фирма Van Puijenbroek Textiel, лоцирана во индустриската зона во село Кадино, општина Илинден.

Холандскиот инвеститор што вложи два милиони евра, најавува производство на професионална индустриска и заштитна облека. Веќе се ангажирани 50 вработени, а нивниот број ќе биде зголемен на сто од наредниот месец за кога се најавува воведување втора производствена линија. Во првиот квартал на следната година ќе следува и трета линија.

На пуштањето во употреба на фабриката присуствуваа министерот за транспрот и врски Миле Јанакиески, претставници на инвеститорот од семејството Ван Пајанброк и на општинските власти.

За изградбата на фабриката според министерот Јанакиески претходеле низа заеднички активности на инвеститорот, Владата и општината. За нас како Влада, истакна Јанакиески, е особено значајно што веќе во фабриката работат 50 лица и според најавите набрзо бројот на вработени ќе достигне 100.

– Значајно е и што фирмата е извозно ориентираната и ќе придонесе за извозот на Македонија, рече Јанакиески.

Според него реализацијата на оваа инвестиција е уште една потврда дека холандските инвеститори веруваат во добрата бизнис клима во Македонија и условите што ги нуди како земја. Владата, укажа, продолжува со активностите за привлекување странски инвеститори. Јанакиески очекува примерот на компанијата да го следат и останатите инвеститори од Холандија и од другите држави.

Управниот директор на Van Puijenbroek Textiel, Роб Кластен, истакна дека новата фабрика е всушност продолжување на нивното традиционално партнерство на македонскиот пазар, на кој што се присутни од пред 45 години. Одлуката за изградба на фабриката во општина Илинден ја донеле поради добрата клима за инвестирање. Илинден, оцени, има добра локација за инвестирање затоа што е во близина на аеродромот и има добра инфраструктура.

– Целта на оваа ВПТЕКС фабрика е да ги опслужи нашите потрошувачи според нивните тековни очекувања и желби. Исто така, планираме да отвориме и продажни канцеларии за изнајмување, чистење на работна облека. Целта не е само брзо и ефикасно да ја произведуваме нашата облека во Македонија, туку исто така и да ја пласираме тука и да го направиме нашиот бренд познат во Македонија, нагласи Кластен.

Холандската амбасадорка Мариет Шурман ја честита реализацијата на инвестицијата затоа што биле надминати сите препреки што се појавиле во меѓувреме. Новиот објект го илустрира холандскиот претприемачки дух и иновација и сметам дека ќе привелече многу други инвестиции, рече Шурман.

Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски смета дека новата холандска инвестиција ќе донесе нови технологии и практики, ќе пренесе м ногу знаења, отворање нови работни места, а со тоа и решавање на егзистенцијалните прашања на пвоеќе семејства

– Најдобра препорака за поволната бизнис клима во општина Илинден се токму директните странски инвестиции и домашните компании што се дел од бизнис семејството, компании што ќе и носат економски раст на општината и значително намалување на невработеноста, наведе Стојановски.

Van Puijenbroek Textiel има лидерска улога на меѓународниот пазар за професионална индустриска и заштитна облека од висококвалитетни материјали со традиција долга речиси 150 години.

Холандската компанија почна да ја реализира својата инвестиција во Македонија во септември 2012 кога беше поставен камен-темелникот. Пробното производство и обуката за вработените стартуваше во јуни годинава.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов