Отворена границата со Косово

Од:

Точно на полноќ, профункционира границата со Косово, автомобилите и камионите слободно циркулираат, патниците поминуваат.

Од ноќеска на полноќ престана да важи мерката за ограничен увоз на брашно, по што истовремено официјална Приштина го укина ембаргото за увоз на македонски производи, пренесе 24 Вести.

Со тоа – автоматски престана да важат и таксите за влез во земјава, за косовските граѓани.

Вицепремиерот Пешевски и министерот за економија Сарачини, излегоа на терен – да се уверат дали состојбата е нормализирана.

Во меѓувреме, транспортерите ги отстранија камионите со кои една недела во знак на револт ги блокираа граничните премини Јажинце и Блаце.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски