Откупувачите подготвени да го преземат договорениот тутун

Од:

Откупувачите се подготвени да ги преземат договорените количини тутун, потврдија денеска на средба со производителите и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Колку ќе тежи родот се уште не се знае зашто бербата е во тек. Рано е, беше речено, да се зборува и за цената.

– Годинава очекуваме 25 милиони килограми тутун или околу 17 проценти помалку од ланските 31 милион. Квалитетот е послаб поради неповолните временски услови, но верувам дека при откупот ќе се испочитува Правилникот за проценка, изјави претседателот на Сојузот на здруженијата на тутунарите Данчо Милески.

И според министерот Цветков, засега не може да се каже колкави ќе бидат приносите. Извесно е само дека претпријатијата ќе ги откупат договорените количини.

– Владата на синоќешната седница донесе измени на Законот за тутун кои предвидуваат од идната година да се воведе електронско евидентирање на површините и откупените количини. Така, во секој момент ќе знаеме колкаво е производството, истакна Цветков.

Тутунарите уште еднаш ја поздравија поддршката од државата и изразија задоволство што земаат најголеми субвенции во регионот, 60 денари за килограм. – За разлика од нас, грчките производители земаат само 20 денари, посочи Милески.

Денешната средба во Министерството за земјоделство беше една од најавените редовни пред претстојниот откуп што законски почнува најдоцна до 15 декември.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

(ВИДЕО) Талески: Власта одби 100 денари линеарна субвенција, Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги изневерија тутунарите

Горан Наумовски

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година