Откупувачите не ги почитуваат договорените цени, реагираат земјоделците

Од:

Дел од откупувачите не ги почитуваат склучените договори со производителите и отстапуваат од утврдената цена, велат земјоделците.

Според претседателот на Асоцијацијата на земјоделците на Македонија Ефтим Шаклев, проблеми со договорите има во полјоделството, градинарството, млекарството,…

Некои од преработувачите дури и го откажале откупот на млекото во целост, а други нудат пониски цени.

– Секој ден има проблеми со градинарството каде што е во тек откупот. Сведоци сме на непочитување на договорените цени од страна на откупувачите. Откупните цени се менуваат еднаш во неделата, но тоа не се почитува од дел од откупувачите. На тоа треба да им се укаже, изјави Шаклев.

Во однос на млекото, дополни, откупот во некои региони е целосно откажан.

– Имаме два проблема, некои од преработувачите го откажаа откупот, а некои нудат минимална цена, за кравјото 14 – 17 денари наместо најмалку 20, а за овчото 30 неместо 40 денари. Има многу неправилности, рече Шаклев.

Земјоделците очекуваат соработка од новиот ресорен министер Љупчо Николовски, средби во најскоро време и поддршка, како што велат, за надминување на проблемите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

Земјоделците ги блокираа приодите до аеродромот во Франкфурт

Француската полиција приведе 18 земјоделци

Прва победа на земјоделците, ЕУ попушти пред нивните барања

Горан Наумовски

Земјоделците втор ден ги блокираат автопатите околу Париз