Откупена целата реколта тутун од 19 000 тони по цена од 185 денари

Од:

Се откупи целата ланска реколта тутун до крајниот законски рок 15 март. Во земјава се откупени вкупно 19 000 тони тутун со просечна цена од 185 денари за килограм. Задоволни се тутунарите и откупувачите, констатираат од Сојузот на Тутунските здруженија на Македонија.

– Од постигнатата цена се задоволни тутунарите и 9- те откупувачи. Но, иако квалитетна, реколтата потфрли за 25 до 30 насто. Наместо 25 700 тони колку што откупувачите пријавија во Министерството за земјоделство, се откупија 19 000 тони. На ниските приноси, главно влијаеја три фактори: проблеми со расадопроизводството, поради пролетните обилни дождови не се обработија површините да се засадат со тутун, како и големирте жештини летоска кои не дозволија тутунот да има повеќе листови, изјави денеска Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

Според Милески, наспроти количинска малата, ланската реколта е квалитетна и тутунарите постигнаа добра просечна цена.

– Тутунарите, заедно со субвенциите од државата вкупно добија во просек по 4 евра за килограм тутун, што е добро и за тутунарите и за новата реколта тутун, вели Милески.

Во моментов им се исплаќаат субвенциите на тутунарите кои, пак, паралелно ги прават подготовките за новата реколта.

– Мислам дека годинава ќе го задржиме истито број тутунари. Постојаните тутунопроизводители може да ги зголемат површините под тутун. Веќе 40 насто од леите со тутунски расад се посеани. Се надеваме дека времето нема да предизвика големи проблеми на стартот на новата реколта, вели Милески.

Овој месец откупните компании, кои годинава се 10, заедно со грчката „Секе“, до Сојузот ги доставуваат предлог-договорите за новата реколта тутун. Сојузот бара и повисоки откупни цени, пред се, за втора и третата класа.

– Од десетте, пет откупни фирми ги доставија предлог -договорите со новите цени кои нешто се зголемени. Ние бараме зголемување на третата класа од 145 на 150 денари за килограм, и на 195 денари за втората класа. Не бараме некое големо покачување на првата класа, зашто тутунот, главно, се проценува во втора и трета класа, па затоа најмногу одговара на интересите на тутунарите, објаснува Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Стомнароски: Откупот на тутунот нема да почне без зголемени цени