Откуп на лубеници и од производители кои не исполнуваат услов за дополнителни субвенции

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе им излезе во пресрет на производителите на лубеници кои поради нерешени имотно-правни односи, не ги исполнуваат условите за дополнителната субвенција од два денара.

Како што соопшти вчера ресорниот заменик-министер Власте Димковиќ, откупувачите уште денеска ќе почнат со откуп на одредени количини лубеници од оваа категорија производители.

– Министерството ќе им помогне на производителите во решавањето на проблемот со откупот. Веднаш стапивме во контакт со откупувачите и уште од утре тие се подготвени да откупат одредени количини лубеници. Со производителите што присуствуваа на средбата е договорено да направат список, кои земјоделци се најзагрозени и треба да имаат приоритет при откупот, истакна Димковиќ.

Тој нагласи дека надлежните постојано ја следат состојбата на терен.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници