Освен за Тодориќ, одбиено барањето за притвор и за останатите осомничени во „Агрокор“

Од:

Постапувајќи по жалбата, советот на Жупанискиот суд во Загреб ја потврди одлуката од истрагата дека нема доволно аргументи да им се одреди притвор на сите осомничени за случајот „Агрокор“.

Истражен притвор во средата му беше одреден само на сопственикот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, кој не им е достапен на хрватските правосудни органи, па по него е распишана и меѓународна потерница.

Сите осомничени се товарат за повеќе кривични дела, како злоупотреба на економското работење, фалсификување документи и незаконско водење на деловните книги.

Во Јавното обвинителство денеска е сослушан и помладиот син на Ивица Тодориќ, Иван, кој само поради тоа допатува во Хрватска.

Додека неговиот постар брат Анте, по сослушувањето во петокот, изјави пред новинарите дека ги отфрла сите дела што му се ставаат на товар, Иван не дал никакви изјави за медиумите.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби