Основан Институт на сметководители

Од:

Сметководителите во иднина ќе ја организираат својата работа преку Институт. Преку тоа тело ќе се спроведуваат обуки и испити, ќе се издаваат уверенија и лиценци и ќе се контролира нивната работа.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска додели уверенија за сметководители и ги најави идните активности на институтот на сметководители и овластени сметководители по одржувањето на неговото основачко собрание.

Со основањето на Институтот престануваат законските обврски на Министерството за финансии поврзани со професионалното организирање и дејствување на сметководителите.

– Отсега натаму пред вас сметководителите и овластените сметководители престојат сериозни и обемни обврски – регистрирање на Институтот, избор на Управен одбор и комисии, формирање на подружници, воведување регистри, спроведување обуки и испити, издавање уверенија и лиценци, спроведување на контроли и сл., рече на свеченоста во Владата вицепремиерот Ставрески.

Тој ги повика сметководителите активно да се вклучат во работата на Институтот и да придонесат за негово успешно работење и етаблирање во препознатливо професионално здружение.

Министерството за финансии, како што рече, останува отворено за натамошна соработка со цел воспоставување стручно, транспарентно, професионално и одговорно водење на сметководството.

Ставрески информира дека до 6-ти овој месец до Министерството за финансии се поднесени вкупно 2.142 барања за уверенија. Заклучно со денеска Министерството издало 645 уверенија, а се обработени и дополнителни 417 барања за кои се подготвуваат уверенија и во наредните денови ќе бидат доставени до барателите. Тие бројки, според Ставрески, се показател оти интересот за добивање уверенија се зголемува со што се засилува и динамиката за нивно издавање.

На основачкото собрание на Институтот се донесени одлука за основање и статут и се избрани претседател и членови на Надзорниот одбор. Сите одлуки на основачкото собрание биле донесени со акламација.

– Со тоа се потврди дека професионалното здружување и организирање на сметководителите е нивна потреба и интерес, оцени вицепремиерот Зоран Ставрески.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов