Осло: Отпишувањето на долгот на Грција неприфатливо

Од:

Владата на Норвешка не планира во блиска иднина да и пружи финансиска помош на Грција и смета дека е неприфатливо отпишувањето на грчкиот долг, кој изнесува 320 милијарди евра, изјави денеска норвешката премиерка Ерна Солберг.

Според Солберг, Грција треба да продолжи со спроведување на реформите, за кои претходно се согласила дека ќе ги изврши, како и со исплаќање на надворешниот долг во согласност со постоечкиот договор.

Солбер истакна дека да се прифати дека една држава не е должна да го исплати кредитот, кој и е доделен е мошне вознемирувачки меѓународен преседан.

Таа истакна дека засега Норвешка не планира да и укаже финансиска помош на новата грчка Влада, предводена од Алексис Ципрас.

– Да се води популистичка кампања и да се даваат противречни ветувања е мошне лесно, но проблемот е што таквата стратегија може да доведе до повлекување на инвестиците, а лидерите на земјата ќе станат неспособни да создаваат нови работни места и да го стимулираат економскиот раст, од кој Грција во моментов има најголема потреба, додаде таа.

Норвешка не е членка на ЕУ, но учествуваше во формирање на двата пакета економска помош за Грција преку Меѓународниот монетарен фонд во 2010 и 2012 година.

Би можело да ве интересира

Кокаин пронајден во гајби со банани во Норвешка

А1он

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски