Осигурителниот пазар со помал раст поради политичката криза

Од:

Осигурителниот пазар во годината што изминува под влијание на политичката криза има помала динамика на раст во однос на претходната година. Првпат е забележан пораст на каско осигурувањето, осигурувањето од незгода, а кај имотот има намалување на бруто полсираната премија, но зголемен број склучени полиси. Годинава се очекува да заврши со раст од околу 4 поценти, а таков раст се очекува и наредната година.

Ова беше посочено на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија за состојбите во осигурувањето во Македонија.

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски потенцира дека осигурувањето на каското во текот на оваа година има пораст од 10,38 проценти, осигурувањето од незгода 9,31 проценти, а кај осигурувањето на имот има намалување на бруто полисиранта премија од 7,98 проценти, но има раст на склучените договори.

Појасни дека конкуренцијата на пазарот придонела да се намалат цените на полисите и заради тоа има помала полисирана премија при склучени поголем број договори, рече Попоски додавајќи дека поголема свесност за осигурување на имотот има кај граѓаните отколку кај претпријатијата.

Додаде дека кај физичките лица има пораст од 19,04 проценти, а кај правните лица од 10,59 проценти.

Значајно раздвижување, според Попоски, има по елементарните непогоди што го зафатија скопскиот регион, односно по полавите и серијата земјотреси.

– Во 2013 година вкупно дговори имало 22.683, а заклучно со третиот квартал од 2016 има пораст од 46,59 проценти и склучени 33.252 договори. Најголем пораст има кај физичките лица. Во 2014 година имало 1.818 договори, во 2015 – 5.118, додека во 2016 година 6.183 договори. При тоа 86,5 проценти од полисите ги купиле граѓаните, рече Попоски.

Од поплавите се пријавени 867 штети од кои од физички лица 621, а од претпријатија 246. Вкупно за имот се 821, а за каско на автомобили 46. Исплатената штета е 35,5 милиони денари.

По серијата земјотреси пријавени се 94 штети, но исплатени се пет бидејќи, како што појасни Попоски, во полисите не бил вклучен ризик земјотрес.

Според претседателката на Здружението на осигурување при Стопанската комора на Македонија Рената Варга Мидева продолжува тенденцијата на мал број граѓани свесно и добороволно да се одлучуваат да го заштитат сето она за што макотрпно работеле со години и дека се осигурува најчесто она за кое граѓаните и компаниите имаат законска обврска или пак осигурувањето претставува услов за склучување договори.

Таа додаде дека поттикнати од последните елементарни непогоди реализирале циклус бесплатни предавања на тема Имотно осигурување – потреба и ризици.

Во третиот квартал бруто полисираната премија изнесува 6,62 милијиарди што претставува раст од 4,86 проценти во однос на истиот период лани.

Би можело да ве интересира

Владата донесе одлука со којашто цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Осигурителните компании имаат рок до вечер да ги вратат старите цени на полисите

Орце Костов

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата

Катерина Ѓуровски

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за авто осигурување

Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса, а на граѓаните да им се компензираат средствата