Органската храна – шанса за регионот

Од:

Ал Џезира Балкан – Сараево

Органски одгледаната храна веќе со години е барана стока во светот, а се почесто може да се најде и на трпезите во Западен Балкан. Купувачите на овие производи се тие кои имаат недоверба кон генетски модифицираните организми или тие кои сакаат без страв од пестициди и разни хемикалии да јадат овошје и зеленчук.

Јан Бочански, професор на Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад, наведе дека класичното и органското производство, а со самото тоа и нивните производи, настануваат на органски начин, т.е. за да се формира семе или плод мора да дојде до спојување на женски и машки полни органи. Разликата е во тоа што во органското производство не смеат да се употребуваат синтетички препарати за заштита од болести и штеточини, или синтетички средства за исхрана на растенијата.

– Органското производство е производство на земјоделски и други производи кое се темели на примена на метод на органско производство во сите фази на производството, а кое ја исклучува употребата на генетски модифицирани организми и производи кои се состојат или се добиени од генетски модифицирани организми, како и употреба на јонизирачко зрачење, во согласност со законот за органско производство и прописите донесени врз основа на него, објасни професорот Бочански.

Одгледувачот на органска храна Нермин Марушиќ истакна дека за добивање на сертификат за одгледување на таква храна треба да се поминат ригорозни контроли.

– Еднаш годишно службениците од куќите за сертифицирање вршат редовна проверка на методот на одгледувањето. Се проверува дали се користат пестицид и хербициди и други хемиски средства. Се гледа на потеклото на семето, набавката на семето, се контролира тлото, се проверува присуство на тешки метали…, додава тој.

Строги контроли

Освен најавените, чести се и ненајавените контроли, за да се утврди дека одгледувачите ги почитуваат сите зададени стандарди, т.е. купувачите да го добијат тоа што мислат дека го добиваат.

Семејството Марушиќ неколку генерации се бави со одгледување на зеленчук, а Нермин Марушиќ со сопругата пред 20 години се одлучил да се посвети на органско одгледување на храна. По две децении таа одлука им се исплатела, бидејќи своите производи ги пласираат на редовни муштерии, но и на одредени продажни центри.

Аида Пашалиќ, како самопрогласена гурманка, купува домашна храна, бидејќи како што вели, не сака да јаде домати кои не мирисаат и немаат вкус на домати. Не и смета храна која е конвенционално одгледана, но првиот избор и е храна која во своето име носи назнака органска.

Како што вели, освен што конзумирањето на таква храна и причинува задоволство, храната за неа е лек, така да со производите решава одредени проблеми. Во студените месеци да не биде принудена да јаде увезен зеленчук, за кој не знае како е одгледан, сезонско одгледаното овошје и зеленчук ги чува во два замрзнувачи, при што и помага мајка и.

– Се трудам со мајка ми, колку што е можно, да замрзнувам се што сакам, додека уште е во сезона, во количини кои ни се доволни во текот на годината, вели таа.

Причината за популарноста на органски одгледаната храна лежи во ставот дека таа е поздрава од другата храна.

Нутритивна вредност

Професорот Бочански наведува дека, ако се води сметка за правилна примена на пестицидите, а може да се зборува и за некористење на средства за заштита на растенијата во конвенционалното производство, тогаш не треба да постои разлика во нутритивната вредност меѓу органските и конвенционално одгледаните производи.

– Меѓутоа, ако се применуваат пестициди за спречување на болести и штеточини, во тие производи можат да се најдат зголемени остатоци на пестициди или некои други материи, истакна професорот на Земјоделскиот факултет.

Тој потенцира дека наспроти општото верување, тешко може да се утврди разликата меѓу производи произведени на класичен начини или на органски начин само врз основ на надворешниот изглед. Разликите во квалитетот можат да се видат само по извршени анализи.

– Без направени хемиски анализи, не вреди да се зборува за предностите или недостатоците на органската храна, вели таа.

Основна причина што органски одгледаната храна не се наоѓа на сите трпези е нејзината релативно висока цена.

– Органските производи според самата дефиниција за производството треба да бидат поскапи од производите произведени на класичен начин, а се поставува и прашањето дали нашето население има доволно приходи да купува органска храна произведена на органски начин, вели професорот Бочански.

Скапо одгледување

Нермин Марушиќ наведе дека органската храна е два и три пати поскапа од конвенционално одгледаната храна, но и дека самото одгледување е поскапо. Тој вели, дека, на пример на 100 метри квадратни со конвенционално одгледување можат да се произведат 2,5 тони домати, додека на иста површина максимално можат да се добијат 1,5 тони со органско одгледување.

Освен помалиот принос, со оглед да не се користат конвенционални пестициди и разни адитиви, самиот процес на одгледување на органска храна е поскап. Марушиќ сепак додава дека, покрај сите потешкотии, не се загрижени за индината.

– Луѓето се почесто купуваат органски произведена храна. А секогаш сум зборувал, кој произведува храна, тој секогаш ќе има работа.

Професорот Бочански истакна дека иако сите земји на поранешна Југославија имаат многу добри услови за производство на органска храна, на нашите простори сеуште нема голем напредок кога се работи за производство, продажба и извоз на такви производи.

Бидејќи одгледувањето на органска храна во светот со години е профитабилен бизнис, нема сомнеж дека тој вид на производство ќе биде се позастапен и на Балканот.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади