Орбан: Нема да ни недостигаат гас и струја зимава

Од:

На Унгарија оваа зима нема да и недостига енергија, ќе имаме доволно гас и струја и тоа не е пророштво, туку факт, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан истакна дека Унгарија мора да добива енергија од некаде, бидејќи без нив економијата не може да функционира и посочи дека дури и иновациите се целосно зависни од енергијата, која е скапа.

И покрај тоа, рече Орбан, мора да продолжиме да се бориме против зелените фундаменталисти и бирократи кои се вклучија во геополитички игри, пренесува V4.

„Мораме да ги убедиме дека не треба да се откажуваме од различни извори на енергија, како што се јаглен, нуклеарни централи и гас“, додаде тој.

„Сега, од политички причини, земјите одлучуваат една по друга да се откажат од различни извори на енергија, поради што животот сега ни е поскап, а ситуацијата е се потешка за нашата економија на светскиот пазар. Има малку континенти во ваква тешка ситуација како што се наоѓаме ние, но само нашиот континент самиот си го отежна животот“, рече Орбан.

Би можело да ве интересира

Песков: Подготвени сме да разговараме за продолжување на транзитот на гас во Европа преку Украина

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Пет понуди на повикот за изградба на интерконекторот со Грција

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ