Општинските ДУП-ови го кочат искористувањето на ИПАРД

Од:

Неизготвените детални урбанистички планови на општините се една од клучните причини поради кои земјоделците не можат да аплицираат за ИПАРД. Дополнителен проблем се нерешените имотно правни односи, незавршените оставински постапки, недоволниот пристап до почетен капитал, обемната документација за аплицирање, долгиот и неизвесен период од доставување на проектите до нивно одобрување…

Ова го покажува последното истражување што го направи Националната федерација на фармери, а беше презентирано денеска на работната сесија во Собранието на Република Македонија „Како до поуспешно искористување на ИПАРД 2“.

Според истражувањето, земјоделците сметаат дека барањата за легализација треба да имаат приоритет ако се за ИПАРД.

– Дел од општините се уште немаат дупови, а ограничени се и со ресурси за издавање документи. Наша сугестија е до крајот на 2018 година општините да изготват детални урбанистички планови зашто тие се услов за издавање одобренија за градба, истакна Билјана Петровска од Федерацијата, презентирајќи ги резултатите од истражувањето.

Претходно, директорот на Платежната агенција, Никола Бабовски ја потенцира важноста од искористувањето на ИПАРД 2 програмата која до 2023 година на земјава и овозможува да повлече 80 милиони евра од кои 60 милиони европско кофинансирање и 20 милиони национална поддршка.

На работната сесија беше подвлечено и дека ИПАРД програмата е дел од заедничката аграрана политика на ЕУ чија цел е идните земји членки да ги подготви за искористување на европските структурни фондови, но и да поттикне структурни промени во нивните земјоделства, во управувањата со земјоделските стопанства, производството и пласманот.

Би можело да ве интересира

Николовски: Со првиот повик од ИПАРД 3 програмата го срушивме рекордот на интерес кај земјоделците

Над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Предраг Петровиќ

Љупчо Николовски: Објавен првиот повик за ИПАРД 3 програмата

Катерина Ѓуровски

Димковски: ДПМНЕ е криминална партија, проневерила средства и од ИПАРД

Николовски: Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд ставаме на располагање за проекти преку мерката 3

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николовски: ЕК ја усвои ИПАРД 3 за Македонија

Ана Ололовска