Општинарите тријат раце и со нетрпение го чекаат ребалансот на буџетот

Од:

Општините, со години се жалат дека немаат доволно пари, многу фактури остануваат неплатени и долговите за превоз, струја, услуги, договори со јавни и приватни фирми, камати се трупаат. Списокот со неподмирени обврски на општините е се подолг. Една третина од општините должат по над 1 милион евра. На овој список на најголеми должници се Карпош, Охрид, Тетово. Дваестина општини поради овие долгови со години се со блокирана сметка.

Со цел да се раздолжат општините за да се избегне финансискиот колапс, а и во јавните претпријатија и во фирми на кои тие им должат да стигнат пари, Владата одлучи да покрие 51 отсто од нивните долгови за што со ребалансот издвои 50 милиони евра.

Општинарите тријат раце и со нетрпение го чекаат ребалансот на буџетот, од кој највеќе ќе се офајдат. Операцијата за раздолжување на општините и официјално ќе почне со усвојување на ребаланс на Буџетот, за што тече Комисиската расправа Но по раздолжувањето на општините потребна е и сериозна ревизија која ќе детектира и одговорност за тоа како и на што се потрошени парите и какви злоупотреби се направени.

За 15 поранешни градоначалници веќе има кривични пријави за злоупотреби за оштетување на општинската каса и ненаменско и незаконско работење. На списокот се поранешните градоначалници на Карпош Стевчо Јакимовски, на Битола Владимир Талевски, на Центар Владимир Тодоровиќ, и поранешните градоначалници на Велес , Куманово, Прилеп, Штип, Демир Капија, Берово, Василево, Свети Николе, Крива Паланка, Зрновци, Ново Село, и Радовиш.

Владата ќе им помогне, ама и ќе ги дисциплинира локалните власти.

Парите ќе стигнат на посебна наменска сметка. Општините пак, ќе мора да известат кому и за што му платиле. Во врска со самото плаќање на долгови има дефинирано стандарди, за да нема селективност од страна на општините во однос на подмирувањето долгови. Така, на пример, предност ќе имаат оние доверители кои ќе се откажат од каматите.

Општините сопствените приходи може да ги планираат до најмногу 10% од просечните приходи во последните 3 години, ова би значело дека општината ќе може да го надмине максималниот износ од планирани приходи само доколку има обезбедено потврда за трансфер на средства.Доколку буџетот на Општината не е изготвен во согласност со овие измени истиот нема да биде впишан трезорот на Министерството за финансии.

Единиците на локална самоуправа ќе мора да ги зајакнат нивните напори во насока на транспарентност и отчетност односно да ја зголемат комуникацијата кон јавноста со јасни информации – како ги трошат парите на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

(ВИДЕО) Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди денари повеќе во Буџетот за образование