Опозицијата блокира, Владата се задолжува: Ковачевски најави нови 400 милиони евра кредити

Од:

Сто милиони евра од Европска банка за развој кои ВМРО-ДПМНЕ ги блокираше во Собранието веќе не и се на располагање на Македонија, рече премиерот Димитар Ковачевски обвинувајќи ја опозицијата за деструктивност и ширење невистини.

– Што се однесува до кредитот од 100 милиони евра, тој беше обезбеден по најдобри финансиски услови. Тој кредит беше блокиран од опозицијата во Собранието. Поради неодговорното однесување на партиите, Европската банка ги пренамени средствата за други цели.Причината на ВМРО-ДПМНЕ е невистина.

Тие велат, согласно Националната стратегија која е важечка и според која треба сукцесивно да се затвораат капацитетите кои работат на јаглен. Но тоа беше пред војната во Украина и пред енеегетската криза и економска.

Затоа со писмо од Министерот за економија е јасно наведено дека РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино ќе бидат дел од ревидирана национална стратегија која веднаш владата ќе почне да ја подготвува при што работниот век на овие капацитети ќе биде продолжен – рече Ковачевски.

Тој истакна дека Владата како земја што води преговори со ЕУ, добила поволни кредитни линии за надминување на кризата: 250 милиони евра од Дојче Банк, 50 милиони евра од Ерсте Банк и одобрен инструмен од ММФ кој треба да се реализира откако ќе помине во Собрание пред пратениците.

– Македонија е земја која води преговори со ЕУ, па добивме кредит од Дојче банк 250 милиони евра, од Ерсте банк 50 милиони евра и имаме ПЛЛ инструмен со ММФ кој е испратен до пратениците во Собранието. И дополнително ЕК ни додели 80 милиони евра грант кој може да го повлечеме во јануари идната година – се пофали премиерот.

ПЛЛ инструментот е Кредитна линија за претпазливост и ликвидност преку која ММФ и доделува 530 милиони евра во рок од 24 месеци на Македонија.

„Фондот овој финансиски инструмент го наменува само за земји со здрави економски фундаменти и со здрави политики. По финалното одобрување на овој инструмент од страна на Бордот на ММФ, коешто се очекува подоцна во текот на овој месец, на нашата земја веднаш ќе ѝ бидат ставени на располагање 110 милиони евра за финансирање на буџетските потреби и за полесно соочување со шоковите што ги предизвика енергетската и ценовната криза.

Самата намена на инструментот е да пружи ликвидносна поддршка на здрави економии во време на шокови и кризи, каква што е тековната глобална ситуација“, објасни Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада